Анкара ги забрани сите ЛГБТ настани


Tурските власти денеска ги забранија сите јавни настани кои ги организира ЛГБТ заедницата во Анкара. Забраната, што стапи на сила синоќа, се однесува на сите ЛГБТ филмови, театарски претстави, панел-дискусии или изложби.

Турските власти ја донеле оваа одлука поради безбедносни причини, бидејќи таквите настани би можеле да испровоцираат реакции од некои социјални групи поради „чувствителниот материјал“, со што ќе биде загрозена безбедноста на учесниците.