Албанија и Косово со заеднички контроли на граничните премини


Од први јануари на граничните премини меѓу Албанија и Косово ќе функцонираат заеднички контроли.

Одлука за тоа донесе албанската влада, која министерот за внатрешни работи Сандер Леши ја оцени како „многу значајна промена на границата со Косово“.

Значајни промени во граничното управување со Косово. Двојните контроли се отстранети. Полициите на двете земји заеднички ќе вршат контроли според начелото едно запирање, една контрола, контрола на едношалтерски систем. Владата донесе одлука за оваа важна промена, што го олеснува слободното движење меѓу Албанија и Косово, напиша на Твитер, Леши.

Но, според него ова не е последната промена што ќе се случи.

Олеснувањето на слободното движење не завршува тука. Набрзо ќе бидат преземени многу поважни чекори, со цел целосно да се воспостават европските стандарди на албанско-косовската граница, наведе Леши.

Дел од албанските медиуми  објавувајќи ја веста, оценија дека премерот Еди Рама не ја „исполнил желбата на минстерот за дијаспора и поранешен премиер Пандели Мајко, кој бараше целосно отстранување на албанско-косовската граница“.

Мајко на 1 јануари годинава на Фејсбук остро ја критикуваше Владата на Рама што не ја брише „албанско-албанската граница“. Тој продолжи категорично да бара остранување на границата и кулминација достигна во август кога Мајко при посетата на Скендерај (Србица) ја пласираше „големата вест“ дека од први јануари 2019 годна се брише границата помеѓуи Албанја и Косово.