Џафери: Не може некој да биде пратеник, а после да буричка по контејнери

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека имало идеја за закон за пратенички привилегии, но не сакаше да коментира додека не види предлог.

Ова го кажа Џафери на денешниот утрински брифинг со новинарите.

-Идеи има, а дали ќе има зкаон или не, тоа е работа на пратениците. Не можете да кажете дека поддржувате или не поддржувате идеја. Додека не видам конкретен предлог, не можам да се изјаснам – рече Џафери.

Тој додаде дека во други земји има законско решение кадешто е уреден статусот на пратениците по истекот на мандатот.

Во разговорот со новинарите тој рече дека не може некој да биде четири години пратеник, а после да брка по контејнери.

Запрашан дали ќе се кандидира за претседател на државата, тој рече дека е претседател на Собранието и нема потреба да размислува за таква идеја.