Хрватите се гордеат: Светот зборува за нас и нашата прекрасна претседателка
Репрезентацијата на Хрватска не стана светски шампион, но во земјата сите се гордеат со играчите и нивното постигнување. Дури медиумите забележаа дека покрај овој успех популарноста на земјата се зголемила за неколку пати.
Истражување на „Јутарњи лист“ покажува дека пребарувањата на Гугл за зборот „Хрватска“ се зголемиле за над 100 пати од почетокот на јули, а на денот на финалето за 200 пати.
Освен тоа, весникот наведува дека има скок во пребарувањето и на друг клучен збор – „Колинда Грабар-Китаровиќ“, претседателката на Хрватска, која беше најголемиот фан на тимот на Мундијалот и беше постојано до играчите.
Мислењата на фановите ширум светот се дека таа оставила одличен впечаток со „својата убавина и слободно однесување“.