(Фото) Ахмети и Џафери на трибините навиваат за Шкендија


Македонскиот шампион Шкендија води со 2-0 во првите 45 минути во натпреварот  во првото коло квалификации за Лигата на шампиони против велшкиот тим ТНС. Стрелци за црвено-црните беа Изаир Емини во 14-та минута и Бесарт Ибраими во 38-ма.

Натпреварот се игра речиси пред празни трибини, најголем дел од навивачите, околу 4000 се на северната трибина. Група околу 200 балисти има на источната трибина, но во ложата на стадионот е газдата на тетовци Лазим Дестани, во друштво на спикерот на македонскиот парламент Талат Џафери и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Во нивно друштво се наоѓа и Абдулменаф Беџети кој е почесен престедател на македонскиот шампион.