Сончево со температура до 26 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала, а во западните делови со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се движи од минус два до пет, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од еден до 24 степени.

Под влијание на јужно струење следува период на топло време со умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Температурата на воздухот ќе биде над просекот за овој период од годината. Од понеделник ќе има зголемување на облачноста со повремен локален дожд, особено во вторник.