Собранието ќе ги разрешува министрите Ахмедовски и Ќахил и ќе избира нови
Собранието, исто така на предлог на Владата, треба да го разреши Аднан Ќахил од функцијата министер без ресор задолжен за странски инвестиции во Владата на РМ, а на негово место да избере Елвин Хасан.
На дневен ред на оваа седница, меѓу другите се и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за судовите, Предлог законот за прекршоците, Предлог законот за Судскиот совет на Република Македонија, Предлог законот за управни спорови, Предлог законот за извршување на санкциите, сите во прво читање.
Фото: Б. Грданоски