Снежна покривка од 17 сантиметри во Маврови Анови

Висината на снежната покривка утрово во Маврови Анови изнесува 17 сантиметри, 14 во Попова Шапка и Крушево, 13 во Тополчани, 12 во Лазарополе и еден сантиметар во Битола, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, студено и ветровито. Во северните делови ќе провејува слаб снег. Вдолж Повардарието и во источните делови ќе дува засилен северозападен ветер.

Дневната температура нема да се разликува во однос на утринската, а на повисоките места дополнително ќе опаѓа. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7 степени.

Од УХМР најавуваат период на стабилно и суво време со ниски утрински температури и со слаб до умерен северозападен ветер. Од петок ќе се зголемат условите за појава на магла по котлините.