Руски дипломати протерани од САД и 14 земји членки на ЕУ


Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, информираше дека досега 14 земји членки на Европска унија протерале руски дипломати од своите земји. Тој додаде дека не исклучува дополнителни европски мерки, како што се натамошни протерувања.

Меѓу земјите кои ќе протераат руски дипломати поради нападот со нервен гас на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал во Англија се: Полска, Литванија, Летонија, Естонија, Германија, Франција, Данска, Украина, Чешка, Холандија, Франција, Италија и САД.

САД одлучија да протераат 60 руски шпиони, а исто така ќе биде затворен и Рускиот конзулат во Сиетл.

Од Канада ќе бидат протерани четворица руски дипломати.

Од Германија, Полска и Франција ќе бидат протерани по четворица руски дипломати, од Литванија и од Чешка – тројца, од Данска, од Холандија, од Италија и од Шпанија – по двајца, од Летонија и од Естонија – по еден, а Украина ќе протера 13 руски дипломати.

Руските амбасадори во Полска, во Летонија, во Литванија и во Естонија утрово се повикани во министрствара за надворешни рабвоти на тоие земји.

Од Велика Британија веќе се протерани 23 руски дипломати откако поранешниот руски шпион Сергеј Скрипл и неговата ќерка Јулија ма 4 март беа нападнати со нервен гас во Солсбери. Нивната состојба е и понатаму критична.

Британскиот министер за одбрана Гавин Вилијамсон, кој е во посета на Естонија, денеска изјави дека е издадена наредба за заплена на имотот на руски државјани, чие потекло е непознато.

Од 31 јануари британските судови имаат можност да бараат од странците, кои имаат сметки и недвижен имот на територијата на Велика Британија да одговорат на прашања за состојбата на нивниот имот. Британските државни органи можат да бараат објаснувања од сопствениците на недвижен имот и од компаниите за имот во вредност од над 50.000 фунти. Ако сопственикот не успее да даде адекватно објаснување, тогаш неговата сопственост ќе биде запленета