Променливо облачно, со повремен дожд

Со утринска темература 4 од 11 степени ќе се разбудат граѓаните ширум државата.

Променливо облачно со повремен дожд и облачност која ќе биде во пад попладнево.

14 до 21 степени ќе достигне максималната дневна температура предвидуваат метеоролозите за денеска.

Во главниот град се очекува облачен ден со услови за повремен дожд но сончеви периоди попладне и температури од осум до 18 степени но и ветер од северен правец.

Утре вечер се очекува земјата да помине преку студен бран со дожд и силен северен ветер кој ќе продолжи и во четврток а температурата ќе има значаен пад, но веќе во петок температурите на дневно ниво повторно ќе бидат во пораст.