Полицијата трага по две сестри, таткото пријавил дека исчезнале
Полицијата трага по две сестрички на возраст од 14 и 13 години, кои вчера излегле од дома но не се вратиле. Нивното исчезнување во полициска станица го пријавил нивниот татко.
На 21.12.2018 год. Во Полициската станица Бит Пазар М.К. (36) пријавил дека неговите ќерки С.К(14) и Т.К. (13) се оддалечиле во непознат правец. Се преземаат мерки за нивно пронаоѓање“, соопштија од МВР.