Околу 150 илјади луѓе од Македонија боледуваат од ХОББ

Околу 150 илјади луѓе во Македонија  боледуваат од хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ).

Според лекарите, пушењето претставува главна причина за оваа болест.

Други ризик фактори се аерозагадувањето, професионалната изложеност на штетни гасови, прашина, хемикалии, генетски фактори, неконтролирана астма итн.

Најчестите симптоми на кои се жалат пациентите се отежнато дишење, гушење, недостаток на воздух, кашлица со искашлување на секрет, губење апетит и телесна тежина.

ХОББ е заболување кое не може да се излекува. Со современен третман можат да се олеснат симптомите, да се подобри квалитетот на живот и да се намали ризикот од смрт.