До 8 ноември Груевски треба да се јави во затворот во Шутка

Поранешниот премиер и актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го добил упатниот акт за издржување на затворската казна за случајот „Тенк“.

Според информациите, до 8 ноември тој треба да се јави во затворот „Шутка“ во Скопје за да почне да ја издржува затворската казна од две години, откако скопска Апелација ја потврди пресудата на Кривичниот суд за набавката на луксузниот мерцедес.

Упатниот акт му е врачен на Груевски на денешното судење за еден од случаите на СЈО, по неколку неуспешни обиди да му биде доставен на домашна адреса.