На Заев во „Поткуп“ ќе му се суди на 6 март


По барање на одбраната, судењето за предметот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев е одложено за 6 март. Премиерот Заев, придружуван од владина делегација денеска во Лондон ќе учествува на Самитот за Западен Балкан за привлекување странски инвестиции.

И минатото рочиште беше одложено, на барање на јавен обвинител кој го известил новиот судија во предметот Дарко Тодоровски дека не може да присуствува на судењето.

Заев во случајот „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од околу 160.000 евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.