На Боро Стојчев му се заканува затворска казна од две години
На градоначалникот на Ново Село му се заканува затворска казна од две години откако Обвинителството доставило предлог до Основниот суд во Струмица да се активира претходната условна казна на која бил осуден Боро Стојчев.
Кривичниот совет веќе донел одлука по предлогот на обвинителството, но не може да го каже јавно се додека одлуката не ја добијат странките.
Стојчев бил осуден на условна казна затвор од две години доколку во рок од четири години не направи кривично дело. Условната казна траела до 30 април 2019 година, но во јуни полицијата го фати при обид за шверц со цигари.
Во април 2015 година Стојчев бил осуден за проневера во службата. Сега Стојчев е осуден на шест месеци затвор откако Апелациониот суд во Штип му ја намали казната од 18 на шест месеци за обид за пренесување на непријавена стока.
Градоначалникот на Ново Село и членови на неговото семејство беа фатени два километри пред македонско-бугарската граница како во две теренски возила превезуваат 33 илјади кутии цигари од марката „Калипсо“ во вредност од над три милиони денари.
Со казната од шест месеци затвор на Стојчев му се отвори законска можност, по отслужувањето на затворската казна, повторно да продолжи да ја води општината. Ова се предвидува со член 54 од Законот за локална самоуправа, каде се вели дека мандатот на градоначалникоти му престанува ако е осуден на казна затвор над шест месеци.
Сепак неизвесно е дали по три месеци Стојчев ќе се врати на градончалничката функција, бидејќи владечајката партија СДСМ, чиј член е Стојчев почнала постапка за негово исклучување од партијата и го повика да си даде оставка.(Ф.Ф.С.)