Навивачите на Реал сакаат Кејн да го замени Роналдо
Приврзаниците на Реал Мадрид го посочија својот фаворит за заменик на Кристијано Роналдо, кој го напушти „Сантијаго Бернабеу“ за да потпише со италијански Јувентус.
Во анкетата на шпанскиот весник „Марка“, во која учество зедоа повеќе од 200.000 фанови, повеќе од 50.000 од нив дадоа го дадоа својот глас за капитенот на англискиот национален тим и напаѓач на Тотенхем – Хари Кејн.
Вториот во анкетата по најдобриот стрелец на Мундијалот 2018 година се Единсон Кавани и Мауро Икарди. Двајцата добиваат 14 отсто од гласовите.
За Роберт Левандовски и напаѓачот на Валенсија, Родриго Морено, гласаа 6 отсто.