МНР објави оглас за вработување на 26 службеници

Министерството за надворешни работи денеска објави јавен оглас за вработување на 26 административни службеници (дипломати – приправници и помошно -стручни службеници).

Огласот трае 20 дена, а е објавен на интернет страната на Агенцијата за администрација и во дневните весници „Нова Македонија“, „Независен весник“ и „Лајме“.

– Како што Министерството за надворешни работи веќе објави, водејќи се од начелата на меритократија, инклузивност и транспарентност, охрабруваме пријавување на што поголем број на кандидати кои ги исполнуваат условите за вработување, со цел извршување на објективна селекција на високо перспективни кадри, кои постепено ќе ги развиваат неопходните дипломатски вештини, придонесувајќи на тој начин кон успешна афирмација на Република Македонија, се наведува во денешното соопштение од МНР.

Заинтересираните кандидати можат електронски да аплицираат на огласот на следната интернет страница.