Менаџери од водечки компании од Македонија и од странство доаѓаат на четвртиот FMCG самит во Скопје


Менаџери, сопственици, професионалци од секторот за трговија со стоки за широка потрошувачка ќе учествуваат на четвртиот Самит за трговија со стоки за широка потрошувачка (FMCG) што утре, 17. мај, ќе се одржи во хотелот „Александар палас“ во Скопје, а во организацијата на магазинот „InStore“.

Своите знаења пред повеќе од 300 професионалци од средниот и од топ-менаџментот на македонските FMCG компании, ќе ги споделат десет говорници од Македонија и од странство.

Главен говорник на самитот ќе биде Миодраг Боројевиќ, извршен директор на рускиот синџир маркети „Океј“, кој ќе ги презентира предностите на македонските производствени компании и можностите за пласман на рускиот пазар.

Прв говорник, пак, ќе биде Енвер Малиќи, сопственик на „Гемак“, една од водечките компании во FMCG индустријата во Македонија. Малиќи со присутните ќе ја сподели својата инспиративна бизнис-приказна.

Магазинот ‘InStore’ четврта година по ред го организира FMCG самитот, на кој сме особено горди, затоа што претставува уникатен настан за споделување знаење и искуство, за размена на идеи и за подигнување на културата на FMCG-секторот на едно повисоко ниво“, вели Верица Мартиновска, директорка на магазинот „InStore“ во Македонија.

На бината пред присутните ќе зборува и Џорџ Ангелакис, сениор консултантка во Европската банка за обнова и развој, која воедно е и програмски поддржувач на Самитот. Ангелакис ќе зборува за успешни менаџмент-практики од FMCG-индустријата.

Останатите говорници ќе дадат одговори на прашањата: Дали разбираме како иновациите, дигитализацијата и големите бази на податоци влијаат врз работењето? Како познавањето на трендовите да се претвори во предност на пазарот? Како да се пронајде формулата за успех на пазарот?

Магазинот „InStore“, во чија организација е самитот, е уникатен регионален проект, месечник чие печатено издание излегува во Македонија, Србија, БИХ, Хрватска и Словенија. Во секоја од земјите, еднаш годишно, магазинот „InStore“ организира FMCG самит.

Повеќе детали за годинешното, 4. издание на Самитот за трговија со стоки за широка потрошувачка (FMCG), за говорниците, темите, како и за програмата се достапни на интернет страницата на FMCG Summit 2018.

Вака изгледаше ланскиот FMCG Самит во Скопје: