Меланија Трамп добила државјаносто на САД со програма за талентирани поединци


Првата дама на САД, Меланија Трамп, добила легално жителство на Америка преку имиграциска програма наменета за талентирани поединци, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Како што објави весникот „Вашингтон пост“, првата дама добила „зелена карта“ (легално жителство на САД) преку програмата „ЕБ-1“ која имиграциските службеници популарно ја нарекуваат „Ајнштајн виза“.

Таа програма е намената за луѓе од академска средина и за бизнис раководители на меѓународни компании, или пак за лица кои се истакнале на национално или меѓународно рамниште.

Весникот потсетува дека кога првпат пристигнала од Словенија во Њујорк во 1996 година, Меланија Трамп ја преминала границата со туристичка виза, а потоа неколку години добивала работна виза ангажирана како фото-модел.

-Таа никогаш не беше супер-модел, таа работеше како работен модел, како многу други во Њујорк, изјави Мајкл Вајс, адвокат на г-ѓа Трамп.

Весникот прашува како првата леди ги убедила имиграциските органи дека таа се квалификува за „ЕБ-1“ програмата. Познавачите потврдуваат дека биографијата на Меланија Трамп од 2001 година не е во согласност со барањата за добивање на таква виза.

-За да се добиа „ЕБ-1“ виза, подносителот треба да обезбеди доказ за некакво вонредно достигање или да исполни најмалку три од вкупно десет критериуми. А тоа е да поднесе доказ за комерцијален успех во изведувачки уметности, потврда за изложба на свои уметнички дела и потврда за оригинален труд во своето поле на работа, наведува весникот.

Во 1998, на возраст од 28 години, Меланија Трамп започнала да се се среќава со Доналд Трамп, откако двајцата се запознале на забава. Ова познанство ја унапредило нејзината кариера на фото-модел и таа започнала да се појавува во модните магазини на Њујорк.

Оттогаш запчнуваат нејзините ангажмани како модел на повеќе списанија и компании. Таа се појавува на билбордите за реклама на цигарите „Камел“, или позира во костими за капање за списанието „Спортс илустрејтед“.

Зелената карта станало пат кон добивање американско државјанство не само за Мелонија, туку и за нејзнините родители, Виктор и Амалија Кнавс. Според „Вашингтон пост“, тие наскоро треба да добијат американско државјанство.

Во 2017 Трамп предложи да се прекине спонзорирање на роднини, вклучително и родители, од страна на американски државјани за да се запре со таканаречената „верижна имиграција“ во САД.

-Родителите на првата дама станаа постојани жители на САД. Нели е тоа „верижна имиграција“, праша во таа прилика весникот.