Македонскиот амбасадор Карајанов на проштална средба со албанскиот претседател Мета


Албанскиот претседател Илир Мета денеска на проштална средба го прими амбасадорот на Република Македонија, Стојан Карајанов, кому му искажал висока оценка за ангажираноста во унапредувањето на македонско-албанските односи и соработката.

– Осврнувајќи се на интензивирањето на билатералните односи и размена на посети на највисоко ниво, претседателот Мета ја пофали заложбата на амбасадорот Карајанов и личниот придонес во зајакнувањето на соработката меѓу Албанија и Македонија, стои во соопштението објавено на официјалната веб страница на претседателскиот кабинет.

Исто така се наведува дека претседателот Мета, изразил уверување оти, и по завршувањето на неговата дипломатска мисија во Албанија, амбасадорот Карајанов ќе биде активен промотор на албанско-македонските односи.

Карајанов на дипломатската позиција во Тирана, Албанија замина во 2013 година по амбасадорскиот мандат во Пршти