Лицата со фантомки биле добредојдени на 27 април во Собрание

Обвинетите за упадот што се случи во Собрание на 27 април минатата година биле добредојдени во Собрание. На судското рочиште за овој случај јавноста гледа дел од снимките од обвинителството од собраниските камери.

На снимката се гледа делот пред кабинетот на поранешниот претседавач Трајко Вељаноски. Обвинетите, повеќето со фантомки на главите,доаѓаат пред кабинетот на Вељаноски, а неговата тогаш вработена во кабинетот, Елена Божиновска, ги пречекува со радост.

Обезбедувањето на Вељаноски, обвинетиот Горан Ѓошевски и Иван Цветановски им носат пакети со вода, а потоа со дел од граѓаните кои доаѓаат внатре, ги упатуваат кон прес центарот каде се случи насилството.

Пред почетокот на денешното рочиште обвинителката Вилма Русковска остро ги отфрли обвинувањата на одбраната дека снимките кои обвинителството ги обезбедило за тоа што се случувало во Собранието,биле сечени, лепени и монтирани.

-Искрено очекував да спомнат уште жолто комбе,  рече Русковска.

Судијката Добрила Кацарска не му дозволи на адвокатот Петар Василев да реплицира и го опомена дека ќе го казни, бидејќи не ги слуша нејзините наредби да седне.

Ф.Ф.С.