Кацарска: Влезот во ЕУ во 2025 е оптимистичко сценарио

Македонија, доколку работи на реформите, дури во 2023 година би можела да ги исполни критериумите за членство во ЕУ, што значи дека 2025 година би бил реалистичен датум за членство, вели Симонида Кацарска од институтот за европска политика во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Меѓутоа, вели Кацарска,  тој датум е оптимистички којшто го бара регионот, а во ЕУ постои голем скептицизам за давање датуми и во однос на 2025 како година.