Караџовски: Изборот на новиот обвинител е надвор од процедурата
Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски го коментира изборот на новиот јавен Обвинител и вклучувањето на СЈО во редовното Обвинителство , но не знае дали членовите на Судски совет имаат безбедносни сертификати и дали имало злоупотреби на системот „АКМИС“, пишува правосудство.мк
„Ние ќе бараме средства, а ако Владата нема пари, за да не го крши Законот за судски буџет, тогаш најдобро ќе биде да го измени законот“, изјави претседателот Зоран Караџовски на денешниот брифинг со новинарите, кој, според него, бил инспириран од условите за работа на судиите и на судовите.
Караџовски рече дека му познато дека во Буџетот што го предложи Владата не се предвидени дополнителни средства со кои би дошло до покачување на платите на судиите, на судските службеници и хонорарите на судиите-поротници. Тој потсети дека последното покачување на платите на судиите било во 2012 година, но не заборави да каже дека во некои судови, поради недостиг на средства судиите-поротници ги повикувале само во итни предмети.
„Ја поздравувам изјавата на еден адвокат кој кажа дека изборот на новиот јавен обвинител на Македонија е надвор од процедурата“, рече, меѓудругото, Караџовски. Тој додаде дека има забелешки на доцнењето на вклучувањето на Специјалното јавно обвинителство во редовното Јавно обвинителство.
Целосниот текст тука