Измените на Кривичниот законик и на законите за судови и за Судски совет пред Владата
Седницата ќе почне во 12 часот, а на дневен ред се и Предлог-законот за извршување на санкциите, Предлог-законот за прекршоци, Информацијата со анализата за примената на Законот за правда за децата за периодот јануари – јуни 2018 година и Информацијата за потпишување меморандум за соработка меѓу Владата на РМ, Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации (UNOPS) и Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка претставувано од Амбасадата на Кралство Норвешка за Србија, Македонија и Црна Гора, за заедничка реализација на проектот за чистење дворните површини ОХИС, во Скопје.
Членовите на Владата ќе одлучуваат и по Предлог – одлуката за основање јавно претпријатие колекторски систем.
На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, ќе се расправа и за Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за формирање дигитален форум за информатичко комуникациски технологии, како и за Предлог-решението за назначување членови на дигиталниот форум за информатичко комуникациски технологии.
Фото: Б. Грданоски