Жените во Саудиска Арабија ќе може да служат во војска
Саудијки ќе можат да се пријавуваат во војска до четврток во покраините Ријад, Мека, Ал-Касим и Медина. Кралот Салман во јуни донесе декрет според кој жените ќе може да управуваат авртомобил, а од минатиот месец и на стадиони да следат фудбалски натпревари.
Саудиските жени не ќе може да служат во борбени единици, но ќе може да работат на обезбедување.
За да бидат примени како војници мора да испоолнат 12 барања вклучително дека се државјани на Саудиска Арабија, возраст меѓу 25 и 35 години и да имаат завршено средно образование. Одлуката за регрутирање е една од бројните реформи со кои се зголемуваат женските права во таа држава.