Другарите на Груевски се вратија на работа во Царина

Двајцата вработени во царинската управа што изминатиов период беа фотографирани во Будимпешта со Никола Груевски, се вратиле на своите работни места. Едниот од нив, како што е познато, лечел синуси во главниот град на Унгарија, додека вториот, како што потврдија од Царина, земал два дена одмор и еден слободен. За него, како што изјави директорот на Царина, Ѓоко Танасовски, Обвинителството води друга предистражна постапка, поврзана со бегството на Груевски, како и со злоупотреби со шверц. Тој бил вработен во Секторот истраги и бил водач на куче.

„Јас не можам да контролирам што прават вработените во слободно време, но во работно време мора да се почитува кодексот на работење“, рече Танасовски. (А.С.)