Димитров на ЦЕПС форумот; Време е како Регион да се фокусираме на иднината
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Брисел учествуваше на годинашниот форум „Европа – повторно на вистинската патека”, во организација на Центарот за европски политички студии.
Шефот на македонската дипломатија, како што соопшти МНР, учествувал на две панел дебати: „Западен Балкан: црна дупка во Европа?” и „Копенхашката дилема на ЕУ: Заштита на владеење на правото пред и после пристапувањето?”.
Во своите излагања министерот Димитров се осврнал на процесот на европската интеграција на Република Македонија и регионот, и предизвиците на интегративниот процес, гледано во двете насоки – таа на Македонија и Регионот, но и таа на Брисел и земјите членки.
Притоа ја потенцирал потребата од заемно препознавање на создадената можност и висок степен на ангажман за нејзина реализација
– Во Македонија се роди нова вистинска решеност за напредок. Одговорноста таа да се валоризира во дофатлив резултат е заедничка. Време е како Регион да се фокусираме на иднината и да влеземе во натпревар за тоа кој ќе овозможи подобро општество за своите граѓани, поквалитетно здравство и понапредно образование, истакнал Димитров.
Во поглед на Копенхашките критериуми и владеење на правото, Димитров заклучил дека денеска процесот на пристапување во ЕУ е значително различен од тој при првите бранови на проширување на Унијата.
– Критериумите за членство се зголемени, а известувањето е построго. Тоа само по себе го прави процесот поефикасен. Сепак, внесувањето на поголема искреност дополнително ќе придонесе за одржливоста на реформите, вклучително и владеење на правото, рекол Димитров.
Своето учество на форумот министерот Димитров го искористил и за средба со заменик премиерот и министер за надворешни и европски работи на Кралството Белгија, Дидие Рејндерс, и негово информирање со актуелностите во ЕУ-реформското досие на Република Македонија, соопшти МН