Демократски сојуз: Пратениците не треба да се привилегираат со посебен закон

Демократскиот сојуз смета дека е спротивно на уставното начело на еднаквост на граѓаните, да се донесе посебен закон за пратениците со кој ќе им се овозможат посебни услови за пензионирање, приоритет при вработување и друг вид на погодности.

„Во 2005 годна Собранието на Република Македонија донесе Закон за пратеници („Службен весник на РМ” бр.84/2005), со кој беа предвидени бенефиции за пратениците, меѓу кои и услови за предвремено пензионирање, со само 25 години работен стаж и 55 години старост, а пензијата да изнесува 80% од пратеничката плата.На иницијатива на Демократскиот сојуз, но и други предлагачи, Уставниот суд, со одлука од 12 април 2006 година („Службен весник на РМ“ бр.52/2006), ги укина одредбите од Законот за пратеници, со кои се определуваа повеќе привилегии на пратениците. Од тука, иницијативите и барањата на пратеници од активниот пратенички состав, немаат уставна и реална основа да се стекнуваат со посебни права и привилегии во споредба со правата на останатите вработени и граѓани. Апсурдно е пратениците да се заштитат со посебен Закон за нивни привилегии“, се вели во соопштението на Демократски сојуз.