Дебата за истражувачко новинарство вечерва на ИФФС

„Истражувачкото новинарство во Македонија – предизвици и како понатаму“ е темата на дебатата која вечерва во 19часот ќе се одржи во рамките на ИФФС во кино Култура.

Ќе дискутираат новинарите: Александра Денковска, Фуркан Салиу, Владо Апостолов, Елида Зилбеари, Петар Клинчарски и Васко Попетревски, кој ќе биде и модератор на дискусијата.

Краткометражниот филм „Бајка за лажните вести“ на Кејт Стоунхил во 20.30 часот ќе нè одведе до еден неверојатен епицентар на лажни вести – Велес. Додека, пак, „Дафне: Егзекуцијата“ во 20.45 часот ќе го отвори прашањето која била новинарката Дафне Каруана Галиција и зошто била убиена?

Истражувачкиот филмски фестивал Скопје го организира Платформата за истражувачко новинарство – ПИНА во соработка со ФЕС Скопје.