Вјолца Елмази избрана за в.д. директор на Академијата за судии и јавни обвинители

Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ на денешната седница донесе одлука со која за вршител на должност директор на Академијата ја избра Вјолца Елмази, јавен обвинител во Вишо јавно обвинителство Гостивар.

Елмази е избрана од редот на членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, до именувањето на нов директор.