Ова го нема ни во Кан: Жан-Клод ван Дам го отвори Меѓународниот филмски фестивал во Ниш
Ниш – Со проекција на филмот „Чуварот на иконата на Свети Ѓорѓи“, во присуство на белгискиот актер со холивудска кариера, познат по акционите филмови, Жан-Клод ван Дам, на летната сцена на нишката тврдина, синоќа, свечено беше отворен Меѓународниот филмски фестивал. Актерот на отворањето им се заблагодари на претседателот Александар Вучиќ, и на организаторите за поканата.
– Сум бил поканет на бројни светски фестивали, како на пример Кан, но никаде не сум доживеал ваква организација и пречек. Би сакал да можев да се фотографирам со секој од вас, рече тој пред публиката. Воедно, ви предлагам да доаѓате во Србија и тука да ги снимате филмовите. Посебно сум воодушевен од филмска продукција, им препорача Ван Дам на филмските професионалци.
На свеченото отворање на фестивалот се појави и екипата од филмот „Тула од кал“ („Mudbrick“), во режија на Никола Петровиќ, што денеска ја отвори натпреварувачката програма.
Бројната публика на плоштадот со аплауз го пречека почесниот гостин кој поздравувајќи ја, им делеше автограми на обожавателите. Свеченото отворање беше збогатено со музичка програма, изведба на српската химна „Боже правде“, како и огномет.
Меѓународниот филмски фестивал во Ниш годинава го организираат Градот Ниш и нишкиот културен центар, со поддршка од Министерството за култура, а ќе трае до 30 август. Во текот на шесте фестивалски дена ќе бидат прикажани вкупно 26 филмови, меѓу кои и 12 премиерни остварувања.