Во Осло ќе биде објавен лауреатот на Нобеловата награда за мир


Норвешка-Во Осло денеска ќе биде објавен лауреатот за Нобеловата награда за мир. Познато е само дека се предложени 331 лица и организации. Списокот со номинирани е тајна. Лауреатот го избира петчлен Нобелов комитет.

За првпат Нобеловата награда за мир е доделена во 1901 година на Жан-Анри Дјунан, Швајцарија и Фредерик Паси, Франција.

Нобеловата награда не е доделена за време на Првата и на Втората светска војна како и во 1955, 1956, 1966, 1967 и 1972 година.

Во изминатите 40 години лауреатите на Нобеловата награда за мир биле:
1977 г. – Амнести интернешнал
1978 г. – Менахем Бегин (Израел)
1979 г.- Mајка Тереза (Индија)
1980 г. – Адолфо Перес Ескивел (Аргентина)
1981 г. – УНХЦР
1982 г. – Алва Мјурдал (Шведска) и Алфонсо Гарсија Роблес (Мексико)
1983 г. – Лех Валенса (Полска)
1984 г. – Дезмонд Туту (Јужна Африка)
1985 г. – Лекари во светот за спречување нуклеарна војна (САД)
1986 г. – Ели Визел (САД)
1987 г. – Оскар Ариас Санчес (Костарика)
1988 г. – Меѓународни сили на ОН за поддршка на мирот
1989 г. – Далај лама
1990 г. – Михаил Сергеевич Горбачов (СССР)
1991 г. – Аун Сан Су Чи (Мијанмар)
1992 г. – Ригоберта Менчу (Гватемала)
1993 г. – Нелсон Мендела и Фредерик де Клерк (Јужна Африка)
1994 г. – Јасер Арафат (Палестина), Јицак Рабин и Шимон Перес (Израел)
1995 г. – Џоузеф Ротблат (Велика Британија) и Pugwash Conferences on Science and World Affairs (Канада)
1996 г. – Карлуш Белу и Жозе Рамуш-Хорта (Источен Тимор)
1997 г. – Меѓународна кампања за забрана на противпешадиски мини и Џоди Вилијамс (САД)
1998 г. – Џон Хјум (Ирска) и Дејвид Тримбал (Велика Британија)
1999 г. – Лекари без граници (Швајцарија)
2000 г. – Ким Дае-јунг (Република Кореја)
2001 г. – ОН и Кофи Анан (Гана)
2002 г. – Џими Картер (САД)
2003 г. – Ширин Ебади (Иран)
2004 г. – Вангари Мута Маатхај (Кенија)
2005 г. – МААЕ и Мохамед ел Барадеј (Египет)
2006 г. – Мухамед Јунус и банка за микрокредити Грамин банк (Бангладеш)
2007 г. – Меѓувладина експертска група на ОН за климатски промени и Ал Гор (САД)
2008 г. – Марти Ахтисари (Финска)
2009 г. – Барак Обама (САД)
2010 г. – Лју Сјаобо (Кина)
2011 г. – Елен Џонсон-Сарлијф и Лејма Гбоуи (Либерија), Тауакул Карман (Јемен)
2012 г. – ЕУ
2013 г. – Организација за забрана на хемиско оружје
2014 г. – Малала Јусуфзаи
2015 г. – Туниски квартет за национален дијалог
2016 г. – Хуан Мануел Сантос, претседател на Колумбија
2017 г. – Меѓународна кампања за забрана на нуклеарно оружје