Во Кривичен суд продолжува судењето за „Титаник“
Предметот се наоѓа доказна постапка и на дененшното рочиште СЈО треба да почне со читање на материјалните докази за предметот.
Судијата Осман Шабани на минатото рочиштето побара одбраната да достави список кои материјални докази им се приоритетни за да бидат прочитани, а во спротивно ќе се читаат сите.
Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.
Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за за финансирање изборна кампања.