ВМРО-ДПМНЕ: Се врши притисок врз административците што апстинирале
-Зоран Заев, во паника од преголемиот пораз кој му го нанесоа граѓаните, се пресметува со сите кои гласаа против или апстинираа на референдумот, затоа што си ја сакаат државата.Вработените во администрацијата се први на удар на незаконието на власта. Незаконски, надвор од сите процедури се бркаат, преместуваат, уназадуваат и малтретираат вработени во администрацијата, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според опозициската партија, незаконски се врши притисок врз вработените во УЈП, кои апстинирале на референдумот. Тие, како што се наведува, незаконски се уназадуваат и преместуваат, само затоа што ја сакаат Македонија.
Притисоци, според соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, има и во Генералниот секретаријат на владата, во ЈСП, но и сите институции на централната и локалната власт.
-Ниту Заев, ниту кој било друг не смее да ги крши законите и Уставот на државата. За сето незаконие што се врши сега од претставниците на власта мора да следи одговорност. Секој кој ги прекршил законите ќе одговара со враќањето на правната држава. Македонија ќе победи.