ВМРО-ДПМНЕ го поднесува законот за амнестија, СДСМ не сака да чуе

Готов е предлог законот за амнестија на ВМРО-ДПМНЕ, за сите обвинети за упадот во собранието на 27 април. Партијата ќе го поднесе во Собранието в понеделник и притоа бара да се носи по скратена постпака. Но и пред тој да дојде во рацете на пратениците од мнозинството, СДСМ експресно го отфрли.

„Предлогот на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е буквално брутален упад во правосудството. Како одговорна и државотворна партија се водиме да го почитуваме принципот на правна држава и во таа насока може да зборуваме за подавање рака, може да зборуваме за помирување, но никако не може да зборуваме за амнестија, која што де факто значи упад во правосудниот систем“, одговори пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов, на новинарско прашање каква ќе биде позицијата на пратеничката група на социјалдемократите за предлог-законот за амнестија.