ВМРО-ДПМНЕ:Државата е пред економски колапс

Македонија е пред економски колапс, а неспсобноста и криминалот, картелот на власт ги покрива со распродажба на државните и национални интереси.  Сите економски параметри ја покажуваат катастрофалната слика за македонската економија. Од ВМРО-ДПМНЕ соопштуваат  дека во земјава нема капитални инвестиции, растот на бруто домашниот производ е еднаков на нула, а сведоци сме на фирми кои повторно како во мрачните 90-ти заминуваат во стечај, додека вработените остануваат без своето парче леб.

-За првите 9 месеци неспособната влада на Заев не успеала да реализира ниту една третина од планираните капитални инвестиции, односно реализирале катастрофални 27,4 проценти од планираните капитални инвестиции. Нема изградба на нов клинички центар во Скопје, нема ниту 600 километри автопат, ниту 550 километри магистрални патишта, ниту пак има 1.100 километри локални патишта. Нема ни трага ни глас од најавуваната гасификација на Македонија. Резултатите од работењето на владата на Заев во областа на економијата се една голема нула. Парите од задолжувањето на граѓаните преку тендери и криминални иновации завршуваат во фирми на високи владини и партиски функционери на СДСМ, подвлекуваат од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.