Власта прави законски измени за спас на Мијалков, Јанкулоска, Јанакиески, Кочан?

Владејачкото мнозинство го менува членот 353 од Кривичниот законик, објави ТВ 24.

Ставот од Законот со кој се предвидува одговорност за сите службени лица кои со злоупотребата на службената положба оствариле „некаква корист“, ќе биде преименуван и ќе се бара одговорност само за оние кои оствариле „имотна корист“.

Доколку се направат измените на член 353 став 5 од Кривичниот законик, од затвор ќе се спасат или ќе добијат многу пониски казни за случаите што ги води СЈО, меѓу другите, Елизабета Канческа-Милевска за случајот „Тендери“, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Тони Јакимовски, Сашо Мијалков, Горан Грујевски и Небојша Стајковиќ во „Трезор“, Владимир Пешевски и Миле Јанакиески во „Траекторија“.

Според информациите од Собранието, измената ќе влезе со потписи на пратеници, откако прво ќе бидат повлечени измените на КЗ кој беше вчера на ставен на владина седница.