Власта и опозицијата ги почнуваат разговорите за иднината на СЈО
Власта и опозицијата имаат спротиставените ставови особено во однос на иднината на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во СЈО.
Мицковски во повеќе наврати кажа дека Јанева за нив е неприфатлива и не може да остане на функцијата, додека Заев изјави дека специјалната јавна обвинителка и нејзиниот тим ја имаат неговата целосна поддршка.
Според најавите, работните групи на власта ќе ги предводат министерката за правда Рената Дескоска и нејзиниот заменик Оливер Ристовски, а
Покрај Законот за јавно обвинителство, се очекува да се разговара и за другите реформски закони, меѓу кои и законите за Агенцијате за национална безбедност и за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Република Северна Македонија. За овие два закона денеска ќе се одржи јавна расправа во собраниската Комисија за одбрана и безбедност.
Владејачкото мнозинство очекува Законот за јавното обвинителство и законите за Агенцијата за национална безбедност и за координација на безбедносно-разузнавачката заедница да бидат донесени до крајот на март,односно пред почетокот на кампањата за претседатеските избори. Според власта, тоа е и еден од условите за отворање на преговорите со ЕУ на почетокот на јуни.