Владата ги усвои измените на Законот за „свиркачи“

Владата, на денешната седница, ги усвои предлог-измените на Законот за заштита на укажувачите.

Со ова законско решение, како што посочуваат од Владата, се обезбедува поголема заштита на укажувачите со што јасно се потврдуваат владините политики за борба против корупцијата.

Законските измени се испратени до Собранието.