(Видео) Албанците му порачаа на Лијам Нисон дека ќе го „киднапираат“
Туристичката организација на Албанија објави видео во кое наведува дека ќе го „киднапира“ Лијам Нисон.
Челниците на Туристичката организација на Албанија биле инспирирани од филмот „Taken“ во кој главна улога игра Лијам Нисон на кого албанската секс-мафија му ја киднапира ќерката и ја води како бело робје.
Во нивното промотивно видео се обраќаат токму кон Лијам сметајќи дека сега е вистинско време „тие него да го грабнат“ и да го доведат во Албанија за сам да се увери во убавините на оваа земја.
Творците на кампањата сакале да покажат дека Тирана не е место на злосторство како што се претставува во филмовите, а посебно во холивудскиот филм „Taken“.
Дали Лијам Нисон ќе прифати да биде „киднапиран“, останува да видиме. Погледнете го спотот.