Бројот на зaгинатите цивили во Источна Гута се искачи над 600


Најмалку 600 цивили се убиени од почетокот на офанзивата на сириските владини сили во Источна Гута на 18 февруари, јави АФП, повикувајќи се на Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Интензитетот на воздушните напади и бомбардирања на последниот бунтовнички бастион крај главниот град Дамаск се намали, откако Русија вчера воведе секојдневна петчасовна хуманитарна пауза во областа.

И покрај намалениот интензитет на борбите, невладината мониторинг организација соопшти дека денеска се убиени уште осум цивили, а пронајдени се и нови тела.

Со тоа, бројот на зaгинатите цивили во изминатите 10 дена се искачи на 601.

По денешната хуманитарна пауза, се зајакна и интензитетот на воздушните напади, а борбите меѓу владините сили и бунтовниците се обновија во делови на Источна Гута.