Беса на Касами се заканува дека нема да гласа ако ѝ ги отфрлат амандманите

Имајќи во предвид дека последните денови слушаме изјави од претставници на владеачките партии кои сакат да ја замајат јавноста кажувајќи дека нема процедурални можности за предлог амандманите на Движењето Беса да бидат дел од предлогот, сакаме да ги дадеме седните објаснувања:

-Гласањето за уставните промени во парламентот е прашање на договор меѓу политичките субјекти. Иако предлагач е владата што ја сочинуваат СДСМ, и останатите партнери од албанските партии, одлуката ја донесува парламентот со 2/3 од гласовите, што само по себе значи дека ако владата не ги земе предвид дополнителните барања на претставниците на опозицијата врз основа на неиздржани процедурални оправдувања, тогаш на игнорираните опозициски партии  им се оневозможува да бидат дел од значајните процеси за интеграција во НАТО и ЕУ, се вели во соопштението на Движењето Беса.

„Не е случајно што се предвидува поширок број на гласови и целта е да се одрази интересот на сите кои гласаат и волјата на оние кои ги претставуваат. Овде владата не смее да се ограничи на политичките интереси на коалиционите партии, бидејќи нема доволен број на гласови, така да е обврзана да ја земе предвид и волјата на оние кои не се во владата. Инаку, треба сама да ја сноси одговорноста за евентуалниот неуспех на гласањето поради својата политичка тесноградост . Сега не е време да се избегне одговорноста, туку да се преземе одговорност со смело донесување одлуки и секој проект треба да има инклузивност за сите засегнати страни вклучувајќи ги и опозициските партии на Албанците“, се наведува во соопштението на Движењето Беса.