Ахмети и Клеменс Која, дискутирале за уставните измени, реформите и Рамковниот договор

Претседателот на ДУИ Али Ахмети во седиштето на партијата ДУИ во Тетово, имаше средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Амбасадорот Клеменс Која. Соговорниците, како што соопштија денеска од ДУИ, дискутирале за политичката ситуација во земјата, уставните измени, реформите, како и за Рамковниот Договор.
Ахмети посочил дека е задоволен поради поддршката за уставните измени во Собранието која, како што рекол, овозможила имплементација на договорот од Преспа и доведување на земјата чекор поблиску до НАТО и ЕУ. ДУИ, потенцирал Ахмети, ќе продолжи со напорите за заокружување на интегративниот процес како апсолутен приоритет не само на партијата, туку и на сите граѓани.
Тој се осврнал и на посветеноста на ДУИ за системските реформи и владеење на правото како главни услови од преговорите за членство во Европската Унија.