Архиепископот г.г. Стефан со амин за годишнината на Владата


Архиепископот на Македoнската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), г.г. Стефан, упати честитка до премиерот Зоран Заев, по повод годишнината од формирањето на Владата на Република Макеоднија.

Во честитката, Архиепископот на МПЦ-ОА Г.Г. Стефан, од свое име и од име на Архиерејскиот синод и свештенството во Македонија, на премиерот Заев и на Владата им посака успех во раководењето и мудрост во донесувањето на правилните одлуки, во, како што се вели во писмото „овие времиња на многу искушенија, а за доброто на сите во Република Македонија“.

Премиерот Заев, како што информираат од владината прес-служба, изразил благодарност и уверување дека меѓусебното разбирање, ќе донесе само добри плодови за единството и поубавата иднина на сите граѓани на Република Македонија.

– Мене како премиер, и на министрите на македонската Влада, ни претставува чест што стоите позади визиите за единствена и европска Република Македонија и со Вашата мудрост ги препознавате процесите кои носат подобар живот на сите наши граѓани, напишал премиерот Заев во писмото до неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, Г.Г. Стефан.