Ѕанакопулос: Нова демократија да каже за кои имиња се има согласено во минатото


Нова демократија да каже кои имиња ги предлагала во преговорите во минатото и со кои сега се согласува, бараат од грчката Влада во одговор на изјавата на портпаролката на опозициската партија која обвини за тајна дипломатија.

– Штом Спираки е толку многу загрижена за „тајната дипломатија“, време е да каже кои имиња ги предлагаше Нова демократија кога преговараше со ПЈРМ? И со кое од овие се согласува денес?, коментира портпаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос во пишаната изјава.

Oд опозициската Нова демократија, преку портпаролката Мариа Спираки ја обвинија Владата за тајна дипломатија и дека ги држи граѓаните во мрак и побараа Ципрас итно да го извести парламентот за последните случувања во разговорите за името.