(Фото) Заев организираше ифтарска вечера


Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, вечерва организираше ифтарска вечера во честа на светиот месец Рамазан, за Претседателот на Собранието на Република
Македонија Талат Џафери и за пратениците, за членови на владата и за советниците на премиерот и неговите надворешни соработници и за градоначалниците, припадниците на исламската вероисповед, како и за поглаварот на Исламската верска заедница
Сулејман Реџепи.

Премиерот Заев во својата беседа нагласи дека му е чест да ги пречека своите гости за време на празничните пости, кога семејствата се собираат, пријателите се дружат и се посветуваат на саморефлексија и размислување.

„Постот е одрекување од земните и сетилните задоволства што го делат многу вери – вклучувајќи ја и мојата христијанска вера. Тоа време кога го јакнеме духот за да се доближиме до Бога и да се сообразиме со него. Овој духовен подвиг не упатува и на фактот дека промените што сакаме да ги направиме – мора да започнат во нашите сопствени срца и во нашите заедници. На тоа ги учиме децата. За време на овие денови посветени на јакнење на духот, се грижиме за болните и им подаваме рака на сите. Без разлика на нивната верска припадност“, истакна премиерот Заев на ифтарската вечера.