Студен и влажен бран попладнево ќе ја зафати Македонија


Синоптичарите најавуваат голема промена на времето во текот на денешниов ден што ќе започне попладнево. кога под влијание на студен и влажен бран и во текот на ноќта, како и во четврток ќе има врнежи од снег, кои пообилни ќе бидат во западните и јужните делови од земјава.

Според УХМР насекаде ќе се формира нова снежна покривка, на западот и југот околу 10 см, на планините и над 20 см, а најмала во североисточните делови (околу 5 см). Поради засилениот северен ветер можна е појава на снежни наноси.

Потоа во наредните денови ќе биде променливо облачно и студено со многу ниски утрински температури и со слаби локални врнежи од снег. Најсончево ќе биде во сабота.

Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.