Средба на Нимиц со преговарачите на 11 и 12 декември во Брисел


Медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц ќе се сретне со преговарачите на Грција и Македонија на 11 и 12 декември во Брисел, соопшти вечерва портаролот на Генералниот секретар на Обединетите Нации.

Оваа средба од процесот за наоѓање заедничко прифатливо решение на спорот со името претходно беше најавена за 20 ноември, но беше одложена од технички причини кои не беа објавени. Сега е поместена за три недели подоцна.

Средбата на преговарачите Адамантиос Василакис и Васко Наумовски со медијаторот Метју Нимиц кои вообичаено се одржуваат во Њујорк, во седиштето на ООН, сега за прв пат ќе се одржи во Брисел, седиштето на ЕУ и НАТО.