Слободни 6.534 работни места во последниот квартал од 2017 година


Во четвртото тримесечје од 2017 година во Македонија стапката на слободни работни места изнесувала 1,33 проценти. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека имало 6.534 слободни работни места, а пополнети биле 485.665 работни места.

Највисока стапка слободни работни места има во секторото Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 2,85 проценти, додека најмала во Јавната управа и одбрана, задолжително социјално осигурување каде стапката изнесува 0,04 проценти.

Деловните субјекти со број на вработени од три до девет имаат највисока стапка на слободни работни места и таа изнесува 1,61 процент.

Пелагонискиот регион имал најмногу слободни работни 1.157 или 2,35 проценти а најниска во североисточниот 0,67 проценти или 148 слободни работни места. Во скопскиот имало 3.332 слободни работни места при што стапката на слободни работни места изнесувала 1,28 проценти.

Најголем број слободни работни места, односно 2.432 има во групата рабтници во услужни дејности и продажба.