Скопјани бараат мерки против загадувањето на воздухот
Учесниците на протестот потсетија на ветувањата за намалување на загадувањето на воздухот и критикуваа дека е многу мал износот од 1,5 милиони евра што е проектиран за таа намена со буџетот.
Приоритет сметаат дека треба да биде проблемот со автомобилите, депонијата Дрисла, да се работи на гасификацијата…Бараат и казни за големите индуструски објекти кои не ги исполнуваат еколошките стандарди, да се отстрани опасниот линдан од Охис, како и да престане градежната експанзија.
Фотографија – Радио МОФ